(Фото) Ќерката на Соња Тарчуловска славеше роденден и тргна по стапките на мајка ѝ

(Фото) Ќерката на Соња Тарчуловска славеше роденден и тргна по стапките на мајка ѝ

пред 3 години

Мелани, најстарата ќерка на Соња и Јохан Тарчуловски, наполни 16 години. Роденденот меѓу првите ѝ го честиташе фолк-пејачката со слика на Фејсбук.

„Среќен роденден, сонце мајкино, 16 години“, напиша Соња.

Мелани, неодамна тргна по стапките на нејзината мајка и почна да пее. Таа лани се запиша во Средното музичко училиште во Скопје. Минатото лето настапи на фестивалот „Златен глас на Малта“, што беше нејзин прв јавен настап на голем фестивал.

„Мелани навистина многу сака да пее и спремна е, затоа што во неа има голем потенцијал, ама за жал, кај нас нема фестивали за нејзината возраст. Јас одморам од музиката, но тоа не значи дека нема да се вратам пак на пеењето. Среќна сум што го наследи мојот талент. Совети ѝ давам многу, посебно што јас го поминав пола од животот со настапи во време кога беше помалку достижно да се биде уметник-пејач, а имаше и критериуми“, раскажа Соња неодамна за „Репортер“.

За потсетување, освен Мелани, Соња и Јохан имаат уште две деца, синот Младен и ќерката Јована.

 

Share
Scroll to Top