Дваесет години откако германската манекенка Хајди Клум беше на првата насловна страница на магазинот „Гламур“, на насловната сега е нејзината 16-годишна ќерка Лени. Таа на својот инстаграм сподели фотографија од двете насловни страници.
„Сакав да го правам ова уште од мала и бев толку вознемирена затоа што мајка ми не ми дозволуваше. Сега конечно можам да бидам модел, и поради тоа сум многу возбудена,“ рече таа во интервјуто за „Гламур“.
„Чест ми е што го споделувам ова со мајка ми која беше првиот модел на насловната страница на германскиот ‘Гламур’,“ напиша таа.
Лени од неодамна поактивно се занимава со манекенство. Таа во јануари ја отвори Модната недела во Берлин, само еден месец откако ја делеше насловната страница на германскиот „Вог“ со нејзината славна мајка.
„Лени е конечно доволно возрасна за да почне сопствена кариера во светот на модата“, рече неодамна Клум.