Славниот американски глумец и музичар Џеф Бриџис, кој на крајот на октомври откри дека боледува од лимфом, сега ја избричи главата.
Глумецот боледува од рак, кој почнува да се развива во лимфниот систем и ги зафаќа лимфните чворови, слезнината, коскената срж, а се појавува во два сродни облии.
„Дијагностициран ми е лимфом. Иако тоа е сериозна болест, се чувствувам среќно што имам сјаен тим на доктори и прогнозите се одлични. Почнувам со лечење и ќе ве известувам за опоравувањето“, напишал Џеф на социјалните мрежи.
Тој откри дека се чувствува добро и дека ја избричил главата.
„Еве ги најновите вести. Се чувствувам добро. Ја избричив главата. Си набавив куче, се вика Монти. Го прославив 71. роденден“, напиша тој.
Џеф седум пати беше номиниран за најпрестижната филмска награда „Оскар“, а ја освои во 2010 година, за улогата во филмот „Лудо срце“.