Фудбалерите на Бразил го освоија златото на Олимпијадата во Токио

Фудбалерите на Бразил го освоија златото на Олимпијадата во Токио

пред 3 години

Бразилските фудбалери денеска освоија златен медал на Олимписките игри во Токио, откако во финалето ја победија Шпанија со 2:1 во дополнителните 30 минути. 

Во регуларниот дел од натпреварот, резултатот беше 1: 1. Бразил поведе во компензацијата на првото полувреме со голот на Матеус Куња, додека Шпанците го израмнија резултатот со голот на Микел Ојарзабал во 61. минута од играта. Конечниот резултат го постави Бразилецот Малком со гол во 109-та минута.

На тој начин Кариоките го одбранија златото освоено на Олимписките игри во Рио во 2016 година.

Во натпреварот за трето место одигран во петокот, фудбалерите на Мексико ја совладаа домашната селекција на Јапонија со резултат 3: 1.

 

Share
Scroll to Top