Фудбалер на Ајакс и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа

Фудбалер на Ајакс и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа

пред 3 години

Фудбалерот на Ајакс, Ноа Гесер (16) и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа во близина на Утрехт.

Гесер го наречуваа „новото чудо од дете на Ајакс“ и во следната сезона требаше да настапува за младинскиот тим на холандскиот клуб. Според пишувањата на холандските медиуми, Ноа за две години требаше да почне да игра во првата екипа.

Несреќата се случила откако возилото во кое се наоѓал фудбалерот преминало во спротивна насока и директно се судрило со такси-комбе. Возачот на таксито е повреден, но не се наоѓа во животна опасност.

Share
Scroll to Top