Хајди Клум итно хоспитализирана - Reporter.mk

Хајди Клум итно хоспитализирана – Reporter.mk

пред 4 години

Светскиот модел Хајди Клум пред неколку дена била итно хоспитализирана, откако на едно од снимањата таа се онесвестила.

„Беше страшно, сите се исплашивме и се загриживме. Таа стана откако шминкерите ја средина и наеднаш падна од столицата. Полека ја легнавме на кревет и за среќа брзо дојде на себе. Повикавме медицинска помош која ја однесе во болница. За среќа се работеше за дехидрација, а по инфузијата беше пуштена дома“, изјавил извор близок до манекенката.

Во јавноста се раширија шпекулации дека Клум можеби е бремена и дека чека бебе со 16 години помладиот сопруг Том Каулиц.

„Тоа се сигурно труднички мачнини. Ќе видите за неколку дена ќе објави дека чека бебе“, вели еден од нејзините блиски пријатели, кои е убеден дека Хајди е бремена.

 

Share
Scroll to Top