Хоакин Феникс: Не можам да замислам еден ден да бидам без синот

Хоакин Феникс: Не можам да замислам еден ден да бидам без синот

пред 3 години

Оскаровецот Хоакин Феникс кој пред два месеци стана татко, вели дека не може да замисли ниту еден ден да не го помине без својот син.

Коментирајќи ја ситуацијата со илегалните мигранти во Америка, Феникс објасни дека не може да замисли како им е на родителите чии деца им се одземени.

Тој и неговата партнерка Руни Мара ја коментираа ситуацијата со 545 децата на илегални мигранти кои повторно се сретнаа со родителите, од кои насилно беа одземени.

„Како новопечени родители не можеме ни да замислиме како би се чувствувале само еден ден да сме разделени од нашето дете, а не пак тоа да трае со години“, изјавиле тие.

Двојката истакна дека мора да се постави прашањето каква земја е Америка и какви вредности таа негува. Феникс вели дека често размислувал што ќе му каже на синот кога ќе порасне, кога ќе го праша за овие работи.

Прв кој ја откри веста за приновата во семејството на оскаровецот беше режисерот Виктор Косаковски, за време на филмскиот фестивал во Цирих, по проекцијата на филмот „Гунда“, чиј извршен продуцент е токму Феникс.

Виктор на прашањето како глумецот бил вклучен во филмот, одговорил дека тој добил син. До тој момент, Хоакин криеше во јавноста дека наскоро ќе стане татко.

 

Share
Scroll to Top