Хороскоп за 15 декември: Рибите во безизлезна ситуација, Лавот со љубовни проблеми

Хороскоп за 15 декември: Рибите во безизлезна ситуација, Лавот со љубовни проблеми

пред 3 години

ОВЕН
Тежнеете кон слобода, подобро да се воздржите затоа што не е поволен ден за побуна. Дисциплинирано и навреме завршете го сето она кое се очекува од вас, на тој начин ќе избегнете напнати аспекти кои можат да ви го расипат расположението и да ви ги упропастат денешните планови.

БИК
Принудени сте да ги чувате туѓите тајни, а тоа ви паѓа тешко. Свесни сте дека решавањето на нечиј проблем е едноставно, но не сте во позиција да се вмешате. Останете трпеливи затоа што дури и кога би прозбореле никој не би ве сфатил сериозно.

БЛИЗНАЦИ
Вие не сте личност која сака големи промени. Во согласност со тоа, не уживате ниту во излегувања. Ако посакувате да излезете од дома тоа е поради тоа што внатре има некој кој не ви годи. Значи, не бегајте од домашните туку потрудете се да ги поправите домашните односи.

РАК
Ова може да биде ваш ден. Успешни сте и одговорни, позитивната енергија е она кое ве носи така што и некои други нешта се решаваат сами од себе. Во налет на еуфорија заборавате на оние луѓе кои ве бодреле кога ви било најтешко. Бидете приземјени.

ЛАВ
Склони сте кон преувеличување. Насочени сте на нешто што е потполно неважно. На удар е вашиот партнер на кого сакате да му ја демонстрирате вашата моќ. Вашата недопирливост не е бескрајна, ако не ја запрете навреме, следи големо фијаско.

ДЕВИЦА
Одите со главата во ѕид. Доста ви е од чекање и тапкање во место. Мислите дека ќе се смирите ако веднаш ги разрешите сите заврзлами и недоумици кои ве мачат некое време. Не бидете брзоплети, затоа што грешките кои денес ќе ги направите можат да бидат непоправливи.

ВАГА
Се потпирате на ветувањата кои ви ги дале пријателите. Чекањето на исполнувањето може да ве доведе до позиција да се правдате на другите луѓе иако застојот не настанал кај вас. За да го избегнете тоа, своите обврски завршувајте ги лично и сами.

ШКОРПИЈА
Преиспитајте се дали патот по кој чекорите е вистинскиот. Потребата за промена не доаѓа поради незадоволство од работата туку поради многу комплицирани причини кои не сте во состојба да ги согледате самите. Не барате причини кај другите туку преиспитајте се себеси.

СТРЕЛЕЦ
Се чувствувате блокирано, како сите ваши обиди да направите нешто на дипломатски начин и да го разрешите се оневозможени. Избегнувајте конфликти со авторитетите и поддршката побарајте ја помеѓу помладите соработници кои ви се во овој период наклонети.

ЈАРЕЦ
Не ве држи место а работа имате преку секоја мера. Не сте способни да одговорите на сите обврски што може да предизвика пад на енергијата и колапс. Прераспоредете ги своите капацитети и одложете сè што може да почека на поволен миг.

ВОДОЛИЈА
Уживате во благонаклонетоста на влијателните лица. Сепак, не опуштајте се премногу затоа што во прашање се луѓе кои за возврат очекуваат безгранична лојалност. Може да ви се случи некој да ве принуди на потези кои би ве искомпромитирале.

РИБИ
Безизлезната ситуација со партнерот се заканува да се претвори во сериозен конфликт. Вашите очекувања и она што го добивате не се согласуваат. Пред да ги закомплицирате односите, размислете уште еднаш дали проблемот е доволно голем од него да направите драма.

Share
Scroll to Top