Хороскоп за 28 ноември: Овенот во конфликт со најблиските, на лавот му треба промена

Хороскоп за 28 ноември: Овенот во конфликт со најблиските, на лавот му треба промена

пред 3 години

ОВЕН

Транзитите укажуваат на можност да влезете во конфликт со најблиските. Кризата внатре во семејството може да потрае ако не се потрудите да преземете конкретни чекори, макар и да би биле непријатни по вас. Не заборавајте дека тие не ви се непријатели.

БИК

Овој викенд можна неочекувана семејна напнатост и тоа најверојатно поради финансии. Реагирајте трпеливо и не влегувајте во расправи затоа што решението доаѓа побрзо отколку што очекувате. Во текот на попладнето ви пристигнува вест за прилив на пари на кои не сте се надевале.

БЛИЗНАЦИ

Околностите ве наведуваат да донесете одлука која не е во согласност со вашата природа. Подготвени сте на жртва но на дното на душата чувствувате дека сето тоа е понижувачко за вас. Не земајте си се при срце ако целта е повисок интерес, не е страшно понекогаш да се покорите.

РАК

Имате променливо расположение и сте склони кон нервоза особено во односот со партнерот. Внимавајте какви обврски прифаќате затоа што не сте во ситуација да ги испочитувате сите договори. Не играјте на се или ништо, во клучен миг ќе бидете поразени.

ЛАВ

Се што знаете е дека ви е потребна промена. Услови за патување немате а тоа е она кое моментално би ви помогнало. Не запаѓајте во мрачно расположение, нештата се одвиваат баш онака како што треба, наскоро ќе знаете што треба да правите.

ДЕВИЦА

Ве притискаат роковите. Вашите квалитети се ставени во прашање затоа што сте премногу спори. Брзањето ве става во тензија особено кога е во прашање извршувањето на нешто кое по ваше мислење е доста важно. Не подлегнувајте на атмосферата, држете се до своето темпо и се ќе протече во најдобар ред.

ВАГА

Сега е вистинскиот миг за вас. Коцките полека се сложуваат една над друга, нештата се решаваат сами од себе. Пријатно сте изненадени затоа што не сте очекувале таков благослов од небото. Нека не ве занесе моменталниот резултат затоа што тој не дојде со ваше залагање туку беше пресуден факторот на среќата.

СКОРПИЈА

Чувствувате дека некој се обидува да ве загрози. Победата е можна со голема борба доколку бидете истрајни. Многу од вас во овој период на работа ќе почувствуваат зголемена тензија која е резултат на промени кои се на повидок, а над кои немате никаква контрола.

СТРЕЛЕЦ

Уморни сте од темпото кое ве притиска. Неопходен ви е одмор. Ќе сакате да поминувате мигови опкружени со семејството и опуштена атмосфера, тоа е она кое би ве кренало. Мислите дека е невозможно а заборавате дека и немањето е избор.

ЈАРЕЦ

Пред вас е посебна деловна понуда која многу сте ја посакувале но сега и се плашите. Очекувајте интензивна поддршка од саканата личност, иако сте свесни дека тоа нема многу да ви помогне. Бидете она што сте, опуштете се и со својот шарм ќе се изборите кон победа.

ВОДОЛИЈА

Цело ваше внимание е насочено кон проблематичната ситуација која се одвива во кругот на вашето семејство. До кулминација може да дојде затоа што аспектите на небото најавуваат неодложни и присилни промени. Не бегајте од проблемите, одлучно тргнете во пресрет на промените.

РИБИ

Не сте доволно упорни, пребрзо се откажување. Имате чувство дека никој не ве разбира и не ја забележува вашата жртва, за која верувате дека е преголема. Лошото чувство моментално нерасположение поради кое правите потези поради кои подоцна ќе се каете.

Share
Scroll to Top