Овен
Сакате сите да се однесуваат така како што Вие сте зацртале. Е, па не може така. Размислете малку и за туѓите потреби и обидете се со нив да се усогласите. За проблемите сами сте виновни.
Бик
Поседувате голема количина енергија, имате успех со сите луѓе што се поврзани со Вашата работа и унапредување. Доколку се фокусирате на партнерот само ќе се нервирате.
Близнаци
Повторно постигнавте хармонија, па релативно добро функционирате. Успешен ден ги очекува креативните и комуникативните припадници на овој знак. Ќе остварат одличен успех на сите полиња.
Рак
Разните случувања, комуникации, телефонски разговори ќе направат да почувствувате потреба за осаменост и за одмор. Нема да бидете во ситуација тоа да го реализирате, но материјално стимулирани, нема да ви биде жал.
Лав
На доживувањата почнавте да гледате трагично, бидејќи се плашите за сопствената безбедност. Ниту партнерот ниту оние што ве сакаат не можат да го ублажат овој песимизам.
Девица
Иако сте припадник на практичен знак, поседувате исклучителна фантазија и уметнички афинитети. Доколку се наоѓате во таа бранша, пред вас се само успеси.
Вага
Фантазирате како од милијардер да направите милионер. Припадниците на овој знак вредно работат на тоа. Најдобро би било и жените да им се приклучат.
Скорпија
Доживувањата поврзани со љубовта, партнерот и децата прават да се чувствувате подобро и да заборавите на проблемите. Денес партнерот толку ќе Ве возбуди што ќе заборавите на се’ друго.
Стрелец
Иако сите Ви велат дека не сте во право и Ви го покажуваат вистинскиот пат, Вие си терате по свое. До кога ќе можете така да се однесувате? Сигурно додека имате пријатели што можат да Ве слушаат.
Јарец
Се обидувате да се изолирате и да заборавите на непријатностите што подолго време Ве измачуваат. Не дозволувајте средината да влијае на Вашето расположение.
Водолија
Ќе се најдете во ситуација да се нервирате за мали работи, а најмногу за Вашиот партнер. Самите го избравте, па сега и обидете се да влијаете на него. Сепак, сфатете едно, работите не се менуваат преку ноќ.
Риби
Доживувањата поврзани со Вашето семејство Ве тераат да размислувате. И Вам Ви е потребна помош, па дополнително ќе се нервирате. Насочете се само кон работите на кои можете да влијаете.