Овен
Изразен е оптимистичкиот пристап на проблемот, па полесно ќе го пребродите. Доколку сте во можност да го решавате семејното прашање или да го адаптирате животниот простор, сега е вистинско време. Не дозволувајте со невнимание да упропастите низа поволни шанси. Можни се несогласувања со соработниците. Само со смиреност и трпеливост можете да ги надминете евентуалните кавги. Не го запоставувајте партнерот.
Бик
На прв поглед се’ добро функционира, но кога ќе се задлабочите во случајот, станувате незадоволни. Се’ се одвива многу полека, но не грижете се – времето работи за вас. Доколку бидете трпеливи, работите ќе си дојдат на свое место. Ќе добиете во согласност со заслугите- ни помалку, ни повеќе. Доколку сте свртени кон уметничките професии, работите ги држите под контрола. Подгответе се за скорешните восбудливи случувања.
Близнаци
Среќни сте. Кој е заслужен за насмевката која не ви се симнува од лицето? Кој ве инспирира со плима на позитивно расположение? Уживајте со полни гради, зашто денес постојат шанси, повеќе од било кога да станете популарни и вљубени. Пожелно е да на ги растурате емоциите, бидејќи се ограничени. Во потрага по нови содржини, вашата снаодливост ќе дојде до израз. финансиската добивка стана нормална појава.
Рак
Работно сте ангажирани и вредни. Работата е одлична компензација за емотивното незадоволство. Кога работите немате време да размислувате за промашувањата, резултатите се видливи и на нив можете да влијаете. Може да имате корист само доколку се потпрете на сопствените сили. Околината мисли дека сте слаби, но денес ќе ја шокирате со силата на својата личност. Јарецот е вистинско решение.
Лав
До се’ морате да дојдете со сопствен труд. Имате чувство дека ништо не ви паѓа од небо. Бидејќи денес ви годи некој вид осаменост, обидете се да се изолирате. Ќе ги наполните батериите и ќе бидете подготвени за нови работни победи. Обемот на работите се зголемува. Суетата ќе биде нахранета. Бидејќи здравствената состојба е нестабилна, се советува одмор и одложување на се’ што може да почека. Само со мудри потези ќе го решите проблемот, никако по секоја цена.
Девица
Конечно најдовте време за убави работи. Работата денес е во втор план, а некој кој ја заскокотка вашата фантазија, ве поттикнува да планирате средба, дури и повеќе од тоа. Во желба да изгледате поубаво и да ја освоите таа личност, ќе ја обновите гардеробата. Дали сте размислувале за нов парфем? Успехот е неминовен. Некои работи не можете сами да ги решите, па обратете им се на пријателите. ќе биде многу поповлоно отколку што мислевте.
Терезија
Прекрасно се чувствувате, под услов да сте свртени кон оние работи што ви претставуваат задоволство. Работата доцни, партнерот во префрла, парите ги нема на видик, а вие се вртите кон пријателите, кафулињата и музиката. Тоа е одличен начин да си го поправите расположението. Партнерот ве сака, иако за тоа не зборува отворено. Важна корист можете да имате од пријателите и од некои адекватни установи. Во фаза сте на создавање на нови животни прилики.
Скорпија
Внимателно, Скорпии, зашто некогаш умеете да бидете незгодни. Стрпете се со желбата за докажување на своите квалитети. кога ќе дојде време, тие сами ќе станат видливи. Доколку се наметнувате, лесно може да се судрите со соработниците. моментално Овновите и Водолиите не ви се наклонети. Подалеку од нив! Бидејќи имавте многу емотивни и деловни проблеми, веста за заминување на пат, пријатно ќе ве израдува.
Стрелец
Настапуваат тешкотии, било да станува збор за работата, или за здравјето. Слаба точка на организмот е закостувањето, кое доколку не сте физички активни, може да направи посериозни проблеми. Поради некого свесно се жртвувате и подготвено правите отстапки. Ситуацијата ви изгледа повеќе од јасна. веројатно сте во право! Размислувањата за купопродажба на недвижности се повеќе од реални. Се подготвуавте за средба со драги луѓе, кои мислат на вас.
Јарец
Имате потреба другите да ве фалат и да ве опсипуваат со внимание. Тоа сите го сакаме, но моментално кај вас е поизразено од обично. Бидејќи сте со променливо расположение и чувствуавте недостаток на љубов, скаате и вам некој да ви подари внимание. Доколку тоа изостане, свртете се кон работата. во работата е спасот. И партнерот може да ви биде од значајна корист, кога е во прашање важен проблем.
Водолија
Можна е опасност од повреди, операции и униформирани лица. се советува дополнително внимание, особено почитување на законските норми и мирување. Доколку се придржувате до овие совети, ќе ги избегнете сите можни непријатности. Својата уранска љубопитност можете да ја употребите на безброј безбедни начини. На пример, со пишување на љубовни романи и уметност воопшто. Нема што да изгубите.
Риби
Полни сте со енергија и желба да се борите со проблемите, но веќе на првиот чекор се повлекувате. Бидејќи се евидентни проблемите на ниво на личноста, обидете се да се осамите и да размислите каде грешите. Доколку имате проблеми со домашните апарати, водоводот или струјата, ќе мора да се подготвите за неочекувани издатоци. Кога најмалку ќе се надевате ќе ви се понуди нешто интересно – патување, на пример.