Актерката Тања Кочовска прослави 28 години брак со сопругот Предраг Павловски. И овој пат со духовите фотографија, велејќи дека ја преспале годишнината. Но, потоа објави фотка како се цело семејство на скара во центарот на Скопје. Тања и Предраг важат за еден од најинтересните двојки во јавноста. Нивната љубов почнала во времето кога и двајцата беа колеги во театарот за Деца и младинци. „Тогаш , бев послаба и носев мини. Тој мислеше дека сум некоја ѕвезда. Но, ете сега сме заедно и 25 години си ги креваме притисоците“, се шегуваше Тања во интервју за Репортер. Тања и Предраг ја имаат ќерката Нела, а од претходниот брак со актерот Владимир Ендровски- Љац, го има синот Александар.