Цел тим на „Барселона“ е во карантин

Цел тим на „Барселона“ е во карантин

пред 4 години

Ракометниот тим на „Барселона“ е во карантин откако четворица ракометари добија позитивни резултати на тестовите за корона. Пред неколку дена Каспер Мортенсен откри дека е заразен, а сега уште тројца ракометари се позитивни, по што сите од клубот ќе одат во 10-дневен карантин.

Заради новата ситуација, натпреварот од Лигата на шампионите со „Веспрем“ ќе мора да биде одложен, бидејќи треба да се игра во среда.

Од клубот најавија дека во текот на оваа недела ќе објават доколку уште некој од нивните играчи има корона.

Share
Scroll to Top