Циндриќ им ја нуди куќата на луѓе што останале без дом во земјотресот во Петриња

Циндриќ им ја нуди куќата на луѓе што останале без дом во земјотресот во Петриња

пред 3 години

Хрватскиот репрезентативец и поранешен ракометар на Вардар, Лука Циндриќ, се приклучи на акцијата за помош на настраданите и загрозените од земјотресот во Петриња, и им понуди сместување во неговата куќа во Огулин на луѓе што останале без својот дом. Силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, кој завчера ја погоди Хрватска, нанесе голема материјална штета во Петриња, Сисак и околината.

„Семејствата кои останаа без своите домови по земјотресот можат да престојуваат во мојата куќа во Огулин, нормало престојот е бесплатен“, напиша ракометарот на „Инстаграм“.

Слично на Циндриќ, Дејан Ловрен на располагање го стави целиот свој хотел во Новаљи, а во акцијата за згрижување и помош се вклучија и други хрватски спортисти кои собираа помош и ја носеа до Петриња. Меѓу нив беа и кошаркарите на Цибона, Дамир Маркоте и Филип Бундобиќ

Share
Scroll to Top