Супермоделите од деведсетите, Кристи Тарлингтон, Наоми Кембел, Синди Крафорд и Линда Евангелиста – позираа заедно за насловната страница на септемврискиот број на Вог. Тие зборуваа за кариерата, љубовта и семејството.
„Најголемите на сите времиња“, пишува на насловната страница.
„Во доцните 80-ти до средината на 90-тите, високата мода премина од хоби во основна забава. Во центарот на оваа трансформација беа Кристи, Наоми, Синди и Линда. Нивната комбинација на неверојатно фотогенични карактеристики, самодоверба, дух , интуитивниот стил, љубопитноста и работната етика беа прекинувач за индустријата. И оттогаш тие светла никогаш не се изгаснале“, се вели во објавата на Vogue.
Сѐ вели дека интервјуто е инспирирано од документарниот серијал Супермодели, кој започнува да се емитува оваа есен. Серијата содржи ексклузивни интервјуа со супермодели кои ќе дадат увид во нивните кариери и ќе се потсетат на нивните манекенски почетоци. Режисер на серијата е Барбара Копл, а продуценти се Брајан Грејзер и Рон Хауард. Документарецот пристигнува на 20 октомври на Apple TV+.