Чизкејк со лешници - Reporter.mk

Чизкејк со лешници – Reporter.mk

пред 3 години

Потребни состојки:

250 мл шлаг
180 г чоколаден крем
220 гр маскарпоне сирење
три лажици стопен путер
250 гр бисквити со чоколадо
100 гр чоколадо
100 гр лешници

Начин на подготовка:

Бисквитот измелете го, измешајте го со растопен путер и наредете го на дното од тркалезна форма за торта. Измешајте сирење и чоколаден крем, и кога ќе добиете мазна смеса, додадете шлаг. Истурете го филот врз кората, израмнете, покријте со фолија и ставете го во фрижидер најмалку два часа. Растопете го чоколадото, па додајте ги лешниците. Истурете ја оваа смеса врз чизкејкот и оставете да се излади уште малку. Послужете го колачот со кафе.

Share
Scroll to Top