Чоколадна торта без печење - Reporter.mk

Чоколадна торта без печење – Reporter.mk

пред 3 години

Потребни состојки:

200 г бисквити,
200 г ореви

За крем:
650 мл млеко,
40 г какао,
80 г густин,
50 г маргарин,
200 г темно чоколадо

Глазура:
200 г темно или бело чоколадо.

Начин на подготовка:

Бисквитите исечете ги на помали парчиња или скршете ги со раце, па префрлете ги во еден сад. Млекото ставете го во тенџере на рингла, додајте ги густинот, какаото и промешајте со жица или маталка додека да се формира чоколадна смеса. Во смесата додајте го маргаринот претходно отстоен на собна температура и измешајте го во чоколадната смеса додека е сè уште топла за маргаринот да може лесно да се растопи. Потоа во тенџерето додајте го и чоколадото скршено на коцки. Мешајте додека смесата да се растопи, па кремот префрлете го во садот со скршените бисквити. Оревите ситно исечкајте ги на мали парчиња, па додајте ги во другите состојки и сè добро измешајте до соединување.

Целата смеса префрлете ја во калап со флексибилен обрач, обложен со целофан кој излегува од калапот за да може да ја прекриете целата торта и пречник од 20 см или некој со слична големина. Добро измазнете ја површината на тортата и покријте со вишокот целофан. Вака подготвена тортата ставете ја во фрижидер да се стегне околу 2 часа, а потоа по желба може да ја прелиете со чоколадна глазура од бело или црно чоколадо по ваш избор. За тоа ќе ви бидат потребни уште 200 г чоколадо. Декорирајте ја тортата со сечкани ореви или бадеми на покрупни парчиња и веднаш послужете ја.

Share
Scroll to Top