Шпанското издание на магазинот „Пипл“ ја прогласи колумбиската пејачка Шакира за најубава жена на светот за 2023 година.
Како што велат, Шакира е жена која инспирира, а нејзините квалитети и го донесоа првото место на листата.
Во интервју за шпански „Пипл“, поп-дивата откри дека имало моменти кога нејзиниот свет се срушил и нејзиниот дом се распаднал.
Пејачката открила дека нејзините деца, Милан и Саша, се најголемиот извор на среќа и мотив да продолжи понатаму, да се издигне над неволјите и проблемите што ја снајдоа – вклучувајќи го и разводот со поранешниот фудбалер Жерар Пике.
На годинешната листа на познати уметници се најдоа имиња на познати личности од различни сфери на уметноста, како Ана де Армас, Џенифер Лопез, Талија и Ева Лонгорија.