Шекил О'Нил ја состави идеална петорка: „Тим што никој не може да го победи“

Шекил О’Нил ја состави идеална петорка: „Тим што никој не може да го победи“

пред 3 години

Пред почетокот на новата сезона во НБА легендарниот играч на Лос Анџелес Лејкерс, Шекил О’Нил, преку социјалните мрежи отвори една дебата за тоа кои се најдобрите кошаркари на сите времиња и кој е идеалниот тим кошаркари. Тој го направи и неговиот идеален состав, па освен себеси, во тимот ги стави и Ален Ајверсон, Леброн Џејмс, Коби Брајант и Мајкл Џордан.

„Не ми е важно што ќе кажете. Никој нема да го победи овој тим во серија од седум натпревари“, напиша О’Нил.

Пензионираниот кошаркар во кариерата играше за Орландо Меџик, Лос Анџелес Лејкерс, Мајами Хит, Феникс Санс и Бостон Селтикс.

Share
Scroll to Top