Шефицата на австралиската полиција вели дека Ѓоковиќ не е заробеник и може да си оди кога сака

Шефицата на австралиската полиција вели дека Ѓоковиќ не е заробеник и може да си оди кога сака

пред 2 години

Министерката за внатрешни работи на Австралија, Карен Ендрјус, вели дека Новак Ѓоковиќ може да ја напушти Австралија кога ќе посака. Таа ги отфрли обвинувањата на родителите на тенисерот дека австралиската влада го држи во заробеништво.

„Ѓоковиќ не е заробеник во Австралија. Тој може да ја напушти земјата во секој момент кога ќе посака, а нашите гранични служби ќе му помогнат во тоа“, изјави Ендрјус за  Еј-би-си.

На деветкратниот победник на Австралија Опен му беше поништена австралиската виза затоа што не приложил доказ дека е вакциниран со две дози против ковид-19. Тој и немал веродостоен документ со кој би потврдил дека од медицински причини не може да биде вакциниран.

Неговите адвокати водат постапка пред локалниот суд за поништување на оваа одлука, но доколку таа биде потврдена, Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија.

Српскиот тенисер е задржан во притвор за имигранти и таму ќе биде се до понеделник, кога и ќе се одлучува по неговата жалба на одлуката на федералната влада за откажување на неговата виза.

Шефицата на австралиската полиција соопшти дека граничните служби ги проверуваат неколкуте слични случаи со други тенисери кои се пуштени во земјата поради изземања од правилата за вакцинација на кои се повикува и Ѓоковиќ.

Share
Scroll to Top