Шпанија и Колумбија водат битка за 200 тони злато кое било потопено пред повеќе од 200 години. Станува збор за злато кое се наоѓало во галијата Сан Хозе, која на 7 јуни 1708 година била потопена од британската морнарица. Сега двете земји велат дека полагаат право на истото.
Покрај нив, во трката по златото се вемшаа и Боливија и групата Кара Кара. Колумбија најави дека ќе почне со вадење на истото кое првпат било лоцирано покрај нивниот брег во 2015 година. Тоа останало недопрено затоа што владата сè уште ги утврдува правилата за нејзино вадење.
Колумбија била шпанска колонија кога Сан Хосе бил потопен, а златото од целата Јужна Америка, особено во денешен Перу и Боливија, било складирано во тврдината на крајбрежниот град Картагена, пред да биде вратено назад во Европа.
Владата на Колумбија овој плен го смета за национално благо и сака да биде изложено во идниот музеј кој ќе го изгради во Картагена. Според претседателскиот декрет објавен во четвртокот, фирмите или поединци кои се заинтересирани за вадење на истото, мораат да потпишат договор со државата и да и достават на владата детален попис на своите налози, како и планови за постапување со тие предмети.
„Големиот плен за кој експертите проценуваат дека вклучува најмалку 200 тони злато, сребро и смарагди, ќе биде гордост на Колумбија“, рече потпретседателката и шеф на дипломатијата Марта Лусија Рамирез.
Галијата Сан Хозе била потопена од британска морнарица во ноќта на 7 јуни 1708 година кај Картагена де Индиас. Сан Хозе во тоа време пренесувал злато, сребро и скапоцени камења кои требало да и ги испорача на шпанската колонија во Латинска Америка на кралот Филип Петти.
Само неколку од 600 членови на екипажот успеале да го преживеат нападот. На крајот на 2015 година, тогашниот колумбиски претседател Хуан Мануел Сантос ја објави точната локација на изгубеното богатство. Властите рекоа дека операцијата за вадење ќе чини 70 милиони долари.
Потонатиот брод се наоѓа на длабочина од 600 и 1000 метри. Шпанија тврди дека богатството е во нејзина сопственост затоа што се работи за државен брод, а автохтоната група во Боливија, Кара Кара, вели дека тоа им припаѓа на нив, бидејќи нивните предци копале од тогаш најголемиот ветки рудник за сребро во светот.