Ѕвездата на „Нетфликс“ најдена мртва во нејзиниот дом

Ѕвездата на „Нетфликс“ најдена мртва во нејзиниот дом

пред 1 година

Јужнокорејската глумица и модел Јунг Чае Јул е пронајдена мртва во нејзиниот дом. Имала 26 години, а трагичната вест ја потврдија од нејзината агенција Management S, пренесе „Дејли Мејл

„Мораме да ви соопштиме тажна вест која крши срца. Чае-јул не напушти на 11 април“, објавија од агенцијата и објаснија дека причината за смртта сè уште не е позната.

Глумицата се прослави во улогата во серијата на „Нетфликс“ Zombie Detective како и во I Have Not Done Mu Best и Depp.

Требало да глуми и во драмата на корејската продукција Wedding Impssible. Пред три дена на социјалните мрежи објави црно-бела фотографија на која се гледа како седи на подот со слушалки на ушите.

Фановите во коментарите се простија од неа.

„Анѓел. Почивај во мир. Пракрасна душа. Толку сум тажна“, биле само некои од нив.

Share
Scroll to Top