Јован Стојоски постави нов личен рекорд на 400 метри и го освои 38. место на Олимпијадата

Јован Стојоски постави нов личен рекорд на 400 метри и го освои 38. место на Олимпијадата

пред 3 години

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски денеска настапи на трката на 400 метри на Олимпијадата во Токио. Тој патеката ја истрча за 46,81 секунди, што е негово најдобро време во кариерата и го подобри досегашниот личен рекорд.

Стојоски беше претпоследен во својата квалификациска група, а натпреварот го заврши на 38. место од вкупно 48 натпреварувачи во оваа дисциплина.

Од Македонските спортисти, до крајот на Олимпијадата треба да настапат уште Пулексенија Јовановска (карате, кати) на 5 август и Могомедгаджи Нуров (борење слободен стил, 97 кгр.) на 6 август.

 

Share
Scroll to Top