Љубовен водич: Знаци дека сè повеќе му значите

Љубовен водич: Знаци дека сè повеќе му значите

пред 4 години

Во колку помалку работи го препознаете, толку можете да бидете посигурни дека само губите време со него…

Ви испраќа порака само како да ве поздрави, ви посака добра ноќ, да ве разведри за почеток на денот… Фраерите инаку не се од многу зборови, затоа, доколку ви се јавува „без некоја особена причина“, бидете сигурни дека паднал на вас.

Редовно ви се јавува. Доколку пораките значат нешто, тогаш повиците значат уште повеќе. Значи дека мисли на вас, дека желудникот му е полн со пеперутки и дека едвај чека да ви го слушне гласот.

На неговите пријатели одеднаш им станавте одбивни. Не затоа што не им се допаѓа изборот на нивниот пријател, ниту затоа што имаат нешто лично против вас, туку од едноставна причина што повеќе сака да поминува време со вас отколку со нив.

Спремен е на сите можни компромиси. И кога велиме сите, навистина мислиме дека нема ствар околу која не е подготвен да ја преговара со вас.

Се подразбира дека сте негова придружба. Поканет е на свадба кај некој роднина, роденденска прослава на своите пријатели, свечен ручек по повод годишнина од бракот на неговите пријатели… Кај и да оди, тој смета дека се подразбира дека доаѓа и неговата придружба.

Вие сте дел од секој негов план. Кога зборува за иднината и плановите, редовно го слушате она „ние“. Тој веќе смета дека заедно ќе чекорите низ животот.

Потполно му е нормално што ги остава своите работи кај вас дома и се брза да се врати по нив. На тој начин, редовно ви дава до знаење како во иднина сака да поминува максимално полно време со вас.

Share
Scroll to Top