Ќе се мажи инфлуенсерката Александра Шијакоска, Едмонд ја побара за жена во Солун

Ќе се мажи инфлуенсерката Александра Шијакоска, Едмонд ја побара за жена во Солун

пред 2 години

Инфлуенсерката Александра Шијакоска се сврши со нејзиниот партнер Едмонд . Ја побара за жена во Солун во Луна парк каде ја изненади со веренички прстен.

„Јас го избрав него уште пред 12 години, само сега има нова титула, свршеник. Со вас ги споделував сите тешки моменти па сакав да го споделам и најсреќниот. По дожд доаѓа сонце. Благословена од Бога, разгалена од мојот свршеник. Заштитена и од двајцата“, рече Александра која додаде дека Едмонд ѝ ја исполнил желбата да ја однесе во Луна парк.

За потсетување, Александра имаше операција на тумор на мозокот. Таа направи четири операции во приватна болница во Грција и по неколку недели, пред Велигден минатата година се врати дома.

По операциите, им се посвети на своите следбеници и одговараше на нивните прашања поврзани со тешкиот период низ кој поминала.

Раскажа дека мислењата на докторите специјалисти е дека туморот го имала 10 или повеќе години и дека немала симптоми сè до моментот кога преживеала сериозна сообраќајна несреќа и кога почнале првите главоболки. За целиот тој период нејзиниот партнер Едмонд бил со неа и ѝ давал поддршка.

Share
Scroll to Top