Егзотичното овошје џекфрут со вкус на свинско месо ќе го спаси светот од гладување, велат експертите. Овошјето со најголем плод на светот, кое се раѓа на дрво, расте во јужниот и југоистичниот дел од Азија. Плодот тежи од 4,5 до 45 кг и содржи стотици семки кои се богати со калциум, протеини, железо и олово, а доволно е за да нахрани едно цело семејство за еден оброк.
Истражувачите сметаат дека ова овошје може да ги замени пченката и пченицата, кои може да бидат уништени поради климатските промени. Двајца студенти од Бирмингем се обидуваат да се пробијат на пазарот со џекфрут така што го продаваат како здрава алтернатива за свинското месо. Ова овошје е особено популарно во Бангалдеш, но потребно ќе биде време додека луѓето се навикнат на него. Многумина дури и не сакаат да го пробаат.