Џек Николсон првпат се појави во јавност по две години

Џек Николсон првпат се појави во јавност по две години

пред 5 години

Легендарниот холивудски глумец Џек Николсон (84), по речиси две години првпат се појави во јавноста, на кошаркарски натпревар на Лос Анџелес Лејкерс. Глумецот, кој не крие дека е голем фан на Лејкерси, на натпреварот дошол со синот Реј, а седеле веднаш покрај теренот.

„Изгледаше дека Џек е среќен што се врати на натпреварите на омилениот тим“, пишуваат американските медиуми.

Покрај славниот глумец, на натпреварот беа и Адел, Ашер, Џастин Бибер, Кевин Харт, Џејмс Корден, Лил Вејн и многу други ѕвезди.

За потсетување, Николсон последен пат бил виден во јавноста во јануари 2020 година, кога, исто така, присуствувал на натпревар на Лејкерси.

Познатиот глумец престана да снима филмови пред повеќе од десет години. Негов последен филм е How Do You Know од 2010 година, каде глуми покрај Рис Витерспун, Пол Рад и Овен Вилсон.

Share
Scroll to Top