Џејсон Момоа и Лиза Бонет се разделија по 16 години заеднички живот

Џејсон Момоа и Лиза Бонет се разделија по 16 години заеднички живот

пред 3 години

Џејсон Момоа и неговата сопруга Лиза Бонет се разделија по 16 години заеднички живот. Веста ја објавија и ја потврдија и двајцата актери.

„Сакавме ова јавно да го објавиме за да можеме достоинствено и искрено да продолжиме со нашите животи. Сите ги почувствувавме притисокот и промените на овие трансформациски времиња. Револуција се одвива и нашето семејство не е исклучок. “, велат во заедничката изјава  двајцата актери на Инстаграм.

Момоа (42) и  Бонет која е 12 години повозрасна од него почнаа врската во 2005, пред тој да се прослави со серијата „Игра на тронови“. Се венчаа дури во 2017. Првото заедничко дете, ќерката Лола, ја добија во 2007, а следната година го дбија синт Накоа-Волф. Бонет претходно беше мажена за  Лени Кравиц.

Share
Scroll to Top