Џони Деп бара од Амбер Херд доказ дека парите кои ѝ ги дал по разводот таа ги донирала

Џони Деп бара од Амбер Херд доказ дека парите кои ѝ ги дал по разводот таа ги донирала

пред 3 години

Холивудскиот глумец Џони Деп доби судска пресуда во негова корист против неговата поранешна сопруга Амбер Херд на суд. Тој е на добар пат да докаже дека седумте милиони долари, кои и ги дал по разводот, таа не ги уплатила на сметка на детска болница во Лос Анџелес и на Американската унија за граѓански права, како што ветила.

Судот сега побарал од Унијата доказ дека парите се уплатени на нивната сметка. Во спротивно, тоа ќе значи голема победа на Деп во судскиот спор против неговата поранешна сопруга.

За потсетување, Амбер и Деп се венчаа во 2015 година. Таа само година дена потоа поднесе барање за развод и го обвини Деп за семејно насилство.

Судскиот процес траеше со месеци, а Деп и неговите адвокати ги негираа сите обвинувања на Амбер и тврделе дека глумицата сака само да профитира на грбот на нивниот клиент.

Поранешните сопружници успеаа да се спогодат и Деп да и плати седум милиони долари за кои Амбер тврдеше дека ќе ги донира на Американската унија за граѓански слобода и детска болница во Лос Анџелес.

Сега Деп се обидува да дојде до докази дека таа не го испочитувало договореното.

Share
Scroll to Top