googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });
Холивудскиот глумец Џони Деп, ја прифати побараната оставка од филмската компанија „Варнер Брус“, по изгубениот судски спор со неговата поранешната партнерка Амбер Херд. Судскиот спор заврши пред неколку дена, а глумецот беше прогласен за злоставувач.
Херд претходно го обвини Деп дека додека биле заедно, тој ја злоставувал и правел семејно насилство врз неа. По изгубениот спор, тој остана без филмската улога во Fantastic Beasts. Деп се огласи на социјалните мрежи и посочи дека битката ќе ја води докрај за да ја докаже вистината.
„Прво сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката и лојалноста. Бројните пораки кои стигнаа до мене, ми допреа и ви благодарам на сите што ја споделивте вашата љубов. Сакам да кажам дека ме контактираа од студиото „Варнер Брус“ и побараа да поднесам оставка. Ги испочитував и го прифатив нивното барање. Обвинувањата од страна на британскиот суд нема да влијаат на мојата борба да ја кажам вистината. Планирам да докажам дека обвинувањата се лажни, а мојот живот и кариера нема да бидат дефинирани во овој момент“, напиша Деп.
Од продукцијата му се заблагодарија на глумецот за досегашната соработка. За потсетување, целиот скандал започна кога Деп ја обвини Амбер и поднесе тужба против медиумската куќа „Сан“, за текст во кој се тврдело дека глумецот физички ја злоставувал.
Иако Деп покажа докази дека глумицата била физички насилна кон него, судската одлука на крајот беше сосема поинаква. Од 14 обвинувања за насилство, кои Амбер ги истакна пред судот, Деп беше обвинет за 12 од нив.