10 работи за животот во Велика Британија кои не сте ги знаеле

10 работи за животот во Велика Британија кои не сте ги знаеле

пред 3 години

Иако навидум не се разликува многу од другите европски држави, секојдневието на Британците сепак крие и забавни детали што се многу поразлични од она на коешто сме навикнати ние.

Така на пример секој може да ѝ напише писмо на кралицата Елизабета и голема е веројатноста таа да го прочита и испраќачот да добие и одговор од неа.

Земјата е позната по многу нешта, како што се кралското семејство, нивните традиции, облачното време, бројните музеи, универзитетити. Ова се неколку забавни факти за Англија животот во неа.

Секој може да ѝ напише писмо на кралицата Елизабета, а адресата е споделена и на официјалниот веб-сајт на кралското семејство. Писмото не мора да биде формално и секој може да си напише што сака.Многу е веројатно дека ќе добие одговор.

Кралицата секој ден добива повеќето лични писма, а има голема веројатност и да одговори на писмото преку некој од нејзините секретари. Доколку е трогната од содржината, кралицата може да одговори и лично.

Уште еден интересен факт за оваа земја е тоа што студентите можат да бидат избркани од факултет доколку препишуваат на испити

Додека кај нас обично ќе ви забранат да полагате неколку сесии, ако на некој британски универзитет ве фатат како препишувате, многу е веројатно дека ќе ве избркаат. Секое препишување на испит се смета за академска измама и ретко се толерира.

Британците можат да преминат улица било каде. Во Англија е дозволено да ја поминете улицата ако сметате дека е безбедно. Овде речиси и да нема пешачки премини, само точки кои одбележуваат каде би можеле да ја поминете улицата.

Единствено, пешаците не смеат да поминуваат автопатишта.

Друга интересна работа е тревата во дворовите. Многу е важно колку е висока. На некои места жителите се опседнати со изгледот на целото соседство, па сите мораат да имаат совршено средени тревници. Ако тревата порасне 1-2 сантиметри, веднаш ја косат.

Студената вода не ги спречува Британците да пливаат Во Англија можете да најдете многу плажи, но поради генерално студеното време, веројатно не би се осмелиле да пливате. Сепак, ова не важи за Британците кои без проблем влегуваат во водата дури и кога е студена.

Никој не останува дома кога времето е сончево. Во Англија времето е претежно облачно и врнежливо. Па, кога има сонце, сите излегуваат и го поминуваат денот на отворено.

Низ улиците и трговските има голем број талентирани улични музичари. Во поголемите англиски градови, како Лондон, можете да налетате на безброј талентирани улични музичари.

Додека ние сме навикнати да гледаме најчесто гитаристи, овде ќе наидете на луѓе кои свират на виолина, виолончело, саксофон, па дури и харфа, и тоа како вистински професионалци.

Во лондонското метро има посебен вид комарци познат како „комарец од лондонското метро“. Овие комарци се забележани и на други места како Египет на пример, долго пред Лондон да добие метро. Но со текот на времето станале препознатливи за таа локација.

Таму добро се адаптираат на условите. Овие комарци предизвикувале сериозен проблем за локалците кои се криеле во метрото за време на бомбардирањето од страна на Германија во 1940 и 1941 година.

Во Англија постои необичен закон за градење. Постои таканареченото „право на светлина“ според кое сопствениците на одредени домови можат да ја забранат изградбата на објекти околу нивните куќи. Доколку сопственикот на градбата добивал природна дневна светлина од прозорците на домот над 20 години, може да го искористи ова право. Истовремено, сопственикот може да направи нови прозорци на неговиот дом, но потоа не смее да ги зголемува барем 20 години.

Обично овие домови се одбележани со натписот „Ancient Lights“ односно „древни светла“, а законот важи од 1832 година.

Локалците носат лесна облека и на студено време. Затоа што времето често знае да биде облачно и студено, Британците се навикнати на пониски температури. Па не е за изненадување ако среде зима видите некој со тенка јакна и несоодветна облека за сезоната. Ако има сонце, ништо чудно да видите и многу Британци на кратки ракави, дури и во зимските месеци.

Share
Scroll to Top