Јубилејното 20. издание на музичкиот фестивал Оф-фест ќе се одржи од 9 до 13 ноември, распоредени во три програмски дена. Организаторите најавуваат интересна и возбудлива програма.
Првиот ден, 9 ноември, е посветен на португалско фадо, а ќе настапи дуото Лина и Раул Рефри.
На 11 ноември се концертите на словенечкото инструментално трио „Широм“ и на бразилскиот гитарист Кико Динучи, придружуван од пејачката Јусара Марсал.
Фестивалот го затвораат Пијан Славеј, концертот на Бранислав Николов, фронтменот на „Фолтин“ и камерунскиот музичар Блик Баси, кој пее на јазикот баси.