50 години од премиерата на „Кум“: Копола го сними откако сите други одбиле и го освои Холивуд

50 години од премиерата на „Кум“: Копола го сними откако сите други одбиле и го освои Холивуд

пред 2 години

Премиерата на култниот „Кум“, кој ја воведе публиката во светот на мафијата, се одржа пред точно 50 години. Уште тогаш успеа да ги урне рекордите на киноблагајните, а беше награден и со три оскари, меѓу кои и за најдобар филм. Но отпрвин режисерот Френсис Форд Копола кој имал 29 години во тоа време, одбил да го адаптира бестселерот на Марио Пузо, тој одбил во прв момент. Но откако филмот стана хит, стана првата суперѕвезда меѓу филмските режисери.

„Бев многу разочаран кога првпат ја прочитав книгата. Мислев дека е нешто што Пузо го напишал за да заработи пари за своите деца. Кога ми понудија да го снимам филмот, главно зашто сите други одбија, одбив и јас“, се присети Копола по повод 50-годишнината на филмот.

Но, неговиот млад соработник Џорџ Лукас, кој подоцна го создаде серијално „Војна на ѕвездите“, инсистирал да ја прифати работата. Тој му рекол дека им требаат пари и дека мора да ја прифати понудата.

„Кум“, кој ја започна ерата на блокбастери, имаше премиера на 24 март 1972 во невообичаено голем број киносали истовремено, а до септември истата година стана филм со најголема заработка во историјата. Беше симен со буџет од 2,5 милиони долари, а заработи 130 милиони.

Следната година „Кум“ доби Оскар за најдобар филм, Марлон Брандо за најдобар актер, а Копола и Пузо ја поделија наградата за најдобро адаптирано сценарио. Меѓу 11-те номинации беа и актерите Ал Пачино, Роберт Дувал и Џејмс Кан.

Share
Scroll to Top