Сопругата на популарниот холивудски глумец Џорџ Клуни, Амал, има желба да посвои дете бегалец. Како што открива магазинот „ОК“, Амал оваа идеја ја добила додека била во контак со децата бегалци, за време на една нејзина хуманитарна работа.
Извор близок до двојката, пак открива дека оваа идеја воопшто не му се допаднала на Џорџ Клуни.
Тој не бил воодушевен од предлогот и сметал дека таквите деца бараат многу внимание и грижа. Тој објаснил дека близнаци се мали и дека нема да имаат доволно време да се грижат и за сите.
За принова во семејството на Клуни, се зборува веќе некое време, а голем број од медиумите шпекулираа дека адвокатката за човекови права, Амал, е повторно трудна со близнаци.
На оваа тема зборуваше и Џорџ пред неколку дена, во рамки на интервјуто за магазинот CQ, кој го прогласи за маж на годината.
„Цели 36. години бев оној лик кој бегаше, кога детето ќе се искакаше или ќе почнеше да плаче. Одеднаш станав оној друг лик со децата“, призна Клуни во интервјуто.