Топ-моделот Бела Хадид, неколку дена пред новогодишните празници, реши да донира голем дел од нејзината облека за бездомници и за луѓето што немаат пари. Таа на „Инстаграм“ објави слика од облеката што ќе ја донира и напиша дека ова беше тешка година за сите.
„Снегот е прекрасен, но секој ден, како станува постуден, не можам да не мислам на луѓето кои немаат дом оваа зима, кои секое утро одат по снегот без ќебето што им треба, работниците на улиците. Размислувам за луѓето што не можат да си дозволат топла облека, како и за нивните деца, родители. Во оваа тешка година, многу луѓе ги загубија своите работни места, домови, и пред сѐ, овој проклет снег ја отежнува нивната состојба и носи тага и обесхрабрување. Го преполовив плакарот и најдов неколку топли работи, јакни и палта да ги испратам до The Peppers Table New York, кои ќе ја соберат облеката и ќе ја постават низ градот и ќе им ги дадат на луѓето на кои им е потребна. Ќе продолжам да ги поддржувам, особено во текот на зимата“, пишува во пораката на Бела.
Хадид, истовремено испрати апе и до другите луѓе да им помогат на тие што немаат и да донираат облека или храна.