Вчера во Сараево, се сретнаа сопственикот на Авaлон Продукција, Бобан Милошески, и градоначалничката на градот, Бенјамина Кариќ. На средбата градоначалничката му се заблагодарила на Боба и неговата продукција затоа што го донесе на Стинг во Сараево, а му рекла и дека во иднина останува отворена идејата за организирање концерти во Сараево.
Милошески, пак, ветил дека ќе се обиде во 2023-та на “Кошево” да се случи голем стадионски концерт, каков што досега немало во регионот.
Во знак на благодарност, градоналничката Кариќ му подари на Милошески монографија за Сараево.
фото: официјалната страна на Авaлон продукција