Брза пита со рендан компир

Брза пита со рендан компир

пред 3 години

Потребни состојки:

1,5 кг компир,
1/2 чаша од 200мл пченкарно брашно (најситно мелено),
1/2 чаша бело пченично брашно,
1/2 чаша масло,
2 јајца,
1/2 кесичка прашок за печиво,
сол и мелен бибер по вкус

Начин на подготовка:

Компирот измијте го, излупете го и изрендајте го. Во посебен сад измешајте ги пченкарното и пченичното брашно, па додајте го и прашокот за печиво. Во садот со рендан компир додајте масло, сол и црн пипер, па добро измешајте. Во ренданиот компир додајте две јајца, промешајте, и на крај додајте ја мешавината од брашно. Убаво изедначете ја смесата. Тепсија со пречник од 34 см убаво намастете ја со 1-2 лажици масло. Тепсијата ставете ја во рерна и загрејте ја на 200 степени. Кога маслото ќе се загрее, извадете ја тепсијата од рерна и во неа излејте ја смесата од компир. Израмнете со лажицата и рамномерно распоредете ја, па вратете во рерна да се пече околу 50 минути на 180 степени, додека да добие златно жолта боја.

 

Share
Scroll to Top