Брзи панцероти - Reporter.mk

Брзи панцероти – Reporter.mk

пред 3 години

Поготовка
1. Се замесува тесто од наведените состојки.
2. Веднаш го делиме тестото на 9 исти делови (кои тежат неполни 100 гр). Секој дел го формираме во топче.
3. Секое топче го расукуваме и ставаме фил по желба (јас ставив рендан кашкавал, рендано чадено пилешко филе, оригано и кечап).
4. Расуканото тесто го преклопуваме на пола и краевите ги затвораме убаво со помош на вилушка.
5. Веднаш ги премачкуваме со јајцето, па наросуваме сусам.
6. Формираните панцероти ги редиме во плех врз хартија за печење.
7. Печеме во загреана рерна на 220 степени (околу 20 минути) до заруменување.

Забелешка – Во зависност од густината на јогуртот, количината на брашно може малку да варира, кај мене беше погуст јогуртот.

  1. 250 мл Јогурт
  2. 100 мл Масло
  3. 1 м.л. Сол
  4. 1 Пециво
  5. 500 гр Брашно
  6. Фил за полнење – кашкавал, чадено пилешко филе, кечап, оригано
  7. За премачкување – 1 Јајце и малку сусам

Share
Scroll to Top