(Видео) Американка раскажа на Тик Ток како кумот на венчавката ѝ признал пред сите 200 гости дека бил заљубен во неа

(Видео) Американка раскажа на Тик Ток како кумот на венчавката ѝ признал пред сите 200 гости дека бил заљубен во неа

пред 3 години

Триесет и двегодишната Американка Дезире Вајт раскажа на Тик Tок како кумот Брајант на нејзината свадба ѝ признал пред 200 гости дека е заљубен во неа.

Таа рече дека нејзината приказна била слична на оние од романтичните комедии, кога свештеникот прашува дали некој се противи на бракот, па секогаш се јавува некој или некоја кои пред сите ќе признаат дека се заљубени во невестата или младоженецот.

Откако Дезире и сега веќе нејзиниот поранешен сопруг си ги дале заветите на вечна љубов, кумот требало да одржи говор, а кога почнал тој да зборува, гостите занемеле.

„Се сеќавам на првиот момент кога ја видов Дезиер. Се заљубив во неа. Знаев дека таа мора да биде моја. Таа е најубавата личност која некогаш сум ја видел во животот. Таа е најдобрата која некогаш сум ја запознал. Никогаш не сум сретнал некоја како неа. Тогаш донав дека има дечко и знаев дека морам да најдам начин како да ја освојам. Тогаш го запознав и нејзиниот дечко и станавме пријатели. Ве сакам двајцата. Ви честатам“, рекол кумот Брајант додека наздравувал со своите најдобри пријатели на венчавката која се случила во 2010 година.

Дезире мислела дека тоа зборува алкохолот од Брајант, но и се посомневала кога видела како ја гледа кога таа се појавила во венчаницата. На нивниот танц Брајант ја прашал зошто никогаш не му дала шанса на него.

По некое време, Дезире открила дека нејзиниот сопруг ја изневерил. Таа случајно дознала од една од нејзините колешки кога ѝ покажала негова фотографија. Таа ѝ кажала дека го има видено со нејзина другарка додека тие биле во брак.

Дезире не му простила на сопругот, а Брајант бил тука за да ја утеши. Додека траел разводот тој ја тешел, бил тука за неа, а на нејзино големо изненадување во еден момент и ја бакнал.

„Ме изненади. Кога ме бакна не се спротиставив, туку напротив му возвратив. Бев шокирана затоа што беше добар бакнеж. Се чувствував добро и природно“, рече Дезире.

По година дена врска, Дезире забременела со нивниот прв син Сојер, кој сега има девет години. Двајцата се венчале во 2012 година. Денес имаат четири деца и се среќни што судбината ги споила, па и на овој необичен начин.

Share
Scroll to Top