Мауро Моранди (81) познат како италијанскиот „Робинзон Крусо“, кој живее на медитерианскиот остров Сардинија, повеќе од 30 години, сега вели дека под притисок на властите е принуден да си замине и да се пресели во помал стан.
Моранди во 1989 година, се насукал на островот Будели, во близина на Сардинија, кој е познат по розевата песочна плажа, откако неговиот чамец се расипал на пат за јужниот Пацифик.
Моранди открил дека чуварот на тој остров, во тоа време требало да се пензионира, па одлучил тој да го превземе неговот место. Тој се откажал од патувањето, го продал чамецот и ја превземал неговата улога.
Од тие моменти, Моранди детално се запознал со островот. Научил за секоја негова карпа, дрво и животно, пишува бриганскиот весник „Гардијан“.
Моранди сега вели дека откако добил неколку закани од властите, тој на крајот од месецот ќе си замине. Властите од националниот парк „Ла Мадалена“, кои управуваат со Будели, од 2016 година, сакаат островот да го претворат во центар за еколошко образование.
„Се откажав од борбата. По 32 години тука, сега се чувствувам тажно што си заминувам“, изјавил Моранди.
Тој е со потекло од Модена, место во централна Италија. Изјавил дека сега ќе се всели во мал стан во близина на Мадалени, најголемиот архипелаг.
„Ќе живеам на периферијата на главниот град, па таму ќе одам само за пазарење. Остатокот од времето ќе го поминам сам. Мојот живот нема да се промени премногу. И понатаму ќе имам поглед на море“, изјавил Моранди.
Моранди вели дека со години без никакви проблеми го чувал островот, ги чистел и одржувал плажите, недвижностите и го проучувал неговиот екосистем.
Но, сега мора да си замине, затоа што приватната компанија која била сопственик на островот, банкротирала. Бизнисменот од Нов Зеланд Мајкл Харе, требало да го добие островот уште во 2013 година, но, таквите планови биле попречени од страна на италијанските власти.
Мајкл имал намера да го задржи Моранди како чувар, но, судија од Сардинија, во 2016 година пресудил островот да се врати во јавни раце.
#Buongiorno ☕️?? Les infos du jour :
⁃??? Le #déconfinement commence en #Italie, avec 14 régions qui passent en “zone jaune” et 5 en orange : restaurants, musées ou encore cinémas rouvrent aujourd’hui. La #Sardaigne est désormais la seule zone rouge du pays.
— France TV Rome (@FranceTVRome) April 26, 2021
La manifestazione contro la sentenza della Corte di Cassazione francese per l’omicidio di #SarahHalimi è stata svolta unitariamente e simultaneamente in molte parti del mondo. Nel servizio, le immagini di Roma, Tel Aviv e Parigi.
(? Luca Clementi)#JusticeForSarahHalimi pic.twitter.com/Od1c9OYmDT— shalom (@shalomroma) April 25, 2021