Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего, четири орангутани и пет бонобо, (џуџесто шимпанзо) се вакцинирани против коронавирус, пренесуваат американските медиуми. Животните со примената вакцина против ковид-19, влегоа во историјата на медицината.
Едно од животните кои ја примиле вакцината е 28 годишната женка орангутан, Карен. Таа во 1994 година била првата човеколик мајмун, кој бил подложен на операција на отворено срце.
Секое од деветте животни добило по две дози од експерименталната вакцина, која првично била наменета за кучиња и мачки. Ниту еден од мајмуните немал лоша реакција на вакцината и сите се чувствуваат добро, изјавила портпаролката од зоолошката граидна Дарла Дејвис.
Официјалните лица одлучиле да ги вакцинираат мајмините откако горилата заболеле од коронавирус во јануари. Од тогаш осум од нив се опоравиле и се на добар пат да оздрават, изјавила Дејвис.
Горилата сега не се вакцинирани, затоа што ветераните оцениле дека нивниот имун систем веќе развил антитела за борба против вирусот. Тие биле вакцинирани, затоа што се сметало дека биле во најризичната група.