(Видео) Девојче ја породило мајка си дома, диспечер на брзата помош преку телефон ѝ кажувал што да прави

(Видео) Девојче ја породило мајка си дома, диспечер на брзата помош преку телефон ѝ кажувал што да прави

пред 3 години

Миракл Мур (10) од Мисури ѝ помогнала на својата мајка да се породи дома, додека диспечерот од Брза помош преку телефон ѝ давал инструкции. Нејзината мајка добила породилни болки три недели порано, па бидејќи не можела да стигне во болница на време, ѝ кажала на ќерката да повика брза помош.

„Здраво, мислам дека мојата мајка се пораѓа“, му кажала Миракул на диспечерот кога ѝ се јавил на телефон.

Диспечерот Скот Странгхоен на девојчето му дал низа инструкции, кои тоа ѝ ги пренесувало на својата мајка. Разговорот траел скоро 11 минути. Во текот на разговорот, се слуша девојчето како збороува: „Немој да седиш на веце-школката, мамо велат да легнеш на грб на средина на креветот или на под“, а во позадина се слуша мајката како вреска.

Во еден момент девојчето му кажало на диспечерот: „Стигнува, стигнува, овде е! Еве ја главата“.

Откако се родило бебето, диспечерот му рекол на девојчето нежно да ѝ ги избрише устата и носот на својата помала сестра: „Биди многу внимателна, немој да го испуштиш бебето“.

Тогаш стигнала Брзата помош која ги однела бебето и мајката на преглед во болница. По ова мајката рекла дека е благодарна што постарата ќерка била со неа во моментот на породувањето.

„Тоа навистина беше чудо, бидејќи кога се породив, не можев да го фатам бебето и да го кренам, па дојде Миракул и го завитка во крпа,“ рекла  мајката.

Миракул, пак, им кажала на медиумите дека се исплашила во текот на породувањето, но дека би сакала да биде докторка кога ќе порасне.

Share