Масимо Савиќ во јуни ја објави последната песна насловена „Замисли“, која воедно е и последна песна на Рајко Дујмиќ. Токму тоа беше желба и идеја на сопругата на Рајко, Снежана Дујмиќ, која имала желба, музиката на омилениот кантавтор да заживее уште еднаш со помош на Иван Дечак и Масимо.
„Јас и Иван не знаевме што ќе се случи кога минатата година дојдовме на доделувањето на наградата Рајко Дујмиќ. Имено, јас и Снежана се познававме претходно, но таа чекаше да се сретнеме за да ни предложи соработка. И така, на доделувањето на наградата му пријде Иван и ме замоли да ги слушне материјалите на Рајко и да видиме дали оваа нејзина намера и желба може да се оствари, да ја заврши песната и да ја напише за мене“, изјавил Масимо.