Чешкиот продуцент, актер, инфлуенсер и инвеститор Камил Бартошек, попознат по прекарот Казма, организирал лотарија со голема награда од еден милион долари, која ја ставил во контејнер под шифрирана брава.
Меѓутоа, бидејќи не бил објавен победник, тој одлучил да ја подели наградата со сите кои учествувале во лотаријата со фрлање на милион долари од хеликоптер.
Influenser bacio milion evra iz helikoptera, ljudi se otimali pic.twitter.com/0QyVMEzQdQ
— Arsil (@arsagarson) October 24, 2023
Во наградната игра учествувале 100.000 натпреварувачи, кои во шест часот наутро добија мејл со потребните информации за локацијата каде ќе се фрлат парите од хеликоптерот.
За задачата да биде уште потешка, натпреварувачите морале прво да го дешифрираат испратениот код, за подоцна на закажаната локација да се појават 4.000 луѓе.
Луѓето кои се појавиле на теренот почнале избезумено да грабаат пари, а некои донеле и чадори, за на најлесен начин да грабнат што повеќе пари.