(Видео) Камионџија стана лидер во сенатот на Њу Џерси иако за кампањата потрошил помалку од 200 долари

(Видео) Камионџија стана лидер во сенатот на Њу Џерси иако за кампањата потрошил помалку од 200 долари

пред 3 години

Едвард Дур станал нов претседател во Сенатот на Њу Џерси, иако за кампањата потрошил помалку од 200 долари. Тој возел камиони за фирма која продава мебел, а во меѓувреме почнал да се занимава и со политика.

Дур рече дека неговиот најголем мотив за кандидатурата било прашањето за правото на носење оружје, бидејќи законите за оружје во Њу Џерси се едни од најрестриктивните во САД.

„Претпоставувам дека најмногу ме мотивираше ситуацијата кога побарав дозвола за скришно носење на оружје, а шерифот отворено ми рече дека нема смисла да барам, дека не ми треба и дека не треба да се трудам. Тоа ме налути. Никогаш не сум бил уапсен, а не можам да ја имам оваа дозвола“, рече Дур.

Неговиот претходник, Стефан Свинеј, беше претседател во Сенатот од 2010 година. Тој беше одговорен за спроведување на програмата на демократскиот гувернер Фил Марфи, која вклучува и постепено воведување на минимална плата од 15 долари на час, платено боледување и легализација на марихуаната.

За потсетување, Дур на својата кампања потрошил само 153 долари, додека за кампањата на Свинеј биле потрошени повеќе од 2,7 милиони долари.

Share
Scroll to Top