(Видео) „Кока-Кола“ сними празнична реклама без Дедо Мраз и ги разочара фановите

(Видео) „Кока-Кола“ сними празнична реклама без Дедо Мраз и ги разочара фановите

пред 3 години

Божикната реклама на „Кока-Кола“, која долги години е една од омилените во светот, овој пат е без Дедо Мраз. Рекламата наречена „Оџак“, ги опишува врските меѓу луѓето и близината што ја создаваат во времето на празниците, но тоа не ги воодушеви фановите ширум светот. Иако велат дека испраќа убава порака, коментираат: „Може ли да ги вратите Дедо Мраз и камионот со рекламата, а да покажувате помалку шишиња со Кока-Кола? Овој пат стварно ја утнавте работата“.

Видеото прикажува мало дете кое се доселува во ново град, па почнува да гради оџак од празни картонски кутии за Дедо Мраз да може да му остани подароци. Иако почнува сам, набрзо му се приклучуваат сите соседи. На крајот се открива дека детето не сакало подарок за себе, туку да ја изненади осамената сосетка.

Празничното видео е дел од кампањата „Вистинска магија“.

Share
Scroll to Top