(Видео) Кометал шампионе заврши пред 19 години, ама се раскажува со генерации

(Видео) Кометал шампионе заврши пред 19 години, ама се раскажува со генерации

пред 3 години

Пред деветнаесет години ракометарките на „Ѓорче Петров“, ја израдуваа Македонија донесувајќи им ја првата европската титула. Незаборавната „Кометал шампионе“ кога салата „Кале“ крцаше до последно место и денес е приказна за која се зборува.

Во епското финале против Ференцварош Херц, кометалки славеа со 26:22 и ја надоместија предноста од два гола, откако претходно беа поразени со 27:25.

Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Олга Бујанова, Луминица Дину, Оксана Плочиска, Ирина Калиниченко, Анжела Платон, Милева Велкова, Мирјана Чупиќ, Андријана Будимир, Ларса Ферзалиева, Ања Андрушенко, Наталија Малахова и Елена Златановска, го остварија до тогаш најголемиот успех во историјата на македонскиот спорт.

Овој неверојатен состав освои пехар во Лига на шампиони, 17 пати стана шампион на Македонија, и освои 16 трофеи во Купот на нашата земја.

Share
Scroll to Top