Песната „Радио свири за нас“, која пред седум години Дарко Димитров и Александра Милутиновиќ ја направија за Јелена Томашевиќ, е избрана за најслушана емотивна песна на радио во Србија. Наградата „Годум“ секоја година се доделува според изборот на музичките работници во земјата, а доделувањето на плакетите се одржа вчеравечер во Белград.
„По седум години ‘Радио свири за нас’ е најслушана песна“, се пофали Дарко.
Ни Јелена не криеше дека е среќна што го добила ова признание, особено што наградата ја добила од колегите.
„Секоја награда им значи на уметниците, но ова признание ми е особено драго бидејќи го доделуваат моите колеги и експерти кои ја разбираат музичката индустрија од друг агол и знаат колку ни е важна поддршката во овие времиња. Чест ми е што сум на овогодинешната листа на уметници што се наградени од еминентните музички институции.“, рече Јелена.
Дарко и Јелена соработуваа на неколку нејзини песни последните години, а се дружат и приватно.