Сопругата на легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант, Ванеса, во неделата денот го помина со децата во Дизниленд во Калифорнија. Сподели фотографии и видеа од игрите и возењата со тобоган со ќерките Наталија, Бјанка и Капри.
За потсетување, Ванеса неодамна се спогоди со властите од Лос Анџелес, во случајот со злоупотребата на фотографии од хеликоптерската несреќа во 2020 година во која загина нејзиниот сопруг Коби и ќерка ѝ Џана. Поротата ѝ додели 15 милиони долари заради нарушување на приватноста.
„Таа се бореше за нејзиниот сопруг и ќерка и сите оние луѓе блиски на луѓето кои загинаа во хеликоптерската несреќа“, рече нејзиниот адвокат Луис Ли.
Тој рече дека Ванеса ќе ги донира приходите од тужбата на нејзината спортска фондација, која им оддава почит на нејзиниот покоен сопруг и ќерка.