Членовите на бендот „Калуш оркестра“ на полско-украинската граница беа дочекани од голем број фанови кои ја пееја нивната песна со која победија на Евросонг, „Стефанија“.
Бендот се сретна и со украинските војници со кои се фотографии. Тие беа дочекани со сино-жолти цвеќиња и украинските знамиња. Видеото беше објавено на каналот „Телеграм“ на Евросонг Украина, а потоа истото го пренесе на „Твитер“ и украинскиот медиум „Киев индипендент“.
За потсетување, бендот доби посебна дозвола да ја напушти Украина и покрај законот кој забранува излегување на воено способните мажи од државата која беше во војна. По победата тие се вратија во војската каде ќе се борат против руската инвазија.
⚡️ Kalush Orchestra returns to Ukraine after Eurovision win.
The Ukrainian band gave an impromptu performance of the winning song, “Stefania,” for the members of Ukraine’s State Border Guard Service after crossing the border on their way home.
Video: Eurovision Ukraine/Telegram pic.twitter.com/KkRQEfBxfR
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) May 16, 2022